Лејтон Мистер пред неколку дена поднесе тужба против својата мајка Констанс, бидејќи парите што ѝ ги испраќала, таа ги трошела за козметички процедури наместо за нега на помалиот брат на Лејтон, Александар.
Според TMZ, младата ѕвезда од „Gossip Girl“ секој месец ѝ праќала на својата мајка по 7 500 долари за нега на малиот брат кој има сериозни здравствени проблеми. Но, Констанс ги трошела парите за пластични операции, ботокс, надградба на коса и други лични трошоци.
„Сето ова ѝ паѓа многу тешко на Лејтон. Нејзина главна цел отсекогаш била да се грижи за својот брат и за својот татко – нејзините родители се разведени. Лејтон е слатка девојка, таа се грижи за работата, пријателите и семејството“ – изјавил анонимен извор за списанието People.
Констанс дури и ѝ се заканила на Лејтон дека ќе ја тужи за 3 милиони долари доколку не ѝ праќа месечна издршка од 10 000 долари.
Денес стана јасно дека Констанс поднела контратужба против 25-годишната актерка за физички напад. Во неа се вели дека Лејтон во декември ја турнала мајка си на земја и неколку пати ја удрила со шише.
Преку тужбата Констанс изјавила дека Лејтон се согласила да ја издржува, затоа што не можела да го убеди својот брат да замине со неа во Њујорк откако тој преживеал операција на мозокот.
Ова не се први правни проблеми за Констанс Мистер. Во 80-тите години таа била обвинета за шверцување на марихуана и ја родила Лејтон додека ја одлежувала затворската казна.
Пред неколку месеци Констанс заработи и забрана за приближување до една жена, која тврдеше дека добивала закани од нејзина страна.