Тони Цетински со емотивна порака и две фотографии му го честита роденденот на нашата прерано почината ѕвезда Тоше Проески.
46-годишниот хрватски поп-пејач, кој заедно со Тоше го сними дуетот „Lagala nas mala“, потенцираше дека тој секогаш ќе го слави овој ден, зашто на него се роди ангел.

Роден е на денешен ден 25.01.1981 година и да беше денес со нас, би го славел својот 35. роденден...
Никогаш заборавен, никогаш преболен... еден и единствен...
Тоше Проески... Среќен 35. роденден братко мој. Да, славам и секогаш ќе го славам денот кога ти се роди и го дишеше истиот воздух со нас, зашто сум горд и привилегиран што познавав ангел на земјата. Те сака братот. Фалиш.
❥Na današnji dan 25.01.1981. godine je rođen i da je danas sa nama slavio bi svoj 35. rođendan...Nikad zaboravljen,...
Posted by Toni Cetinsky on недела, 24 јануари 2016
Цетински и Тоше во март 2007 година го објавија и спотот за заедничката песна „Lagala nas mala“, која стана хит не само кај нас, туку и во Хрватска и Србија.

