Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Сексуалниот манијак зад решетки: Харви Вајнстин е осуден на 23 години затвор

Сексуалниот манијак зад решетки: Харви Вајнстин е осуден на 23 години затвор

Конечно судскиот процес против Харви Вајстин добива завршница. Продуцентот кој сексуално малтретираше и злоупотребуваше жени во Холивуд е осуден на 23 години затвор за силување и сексуален напад.

„Навистина чувствувам каење за оваа ситуација. Го чувствувам тоа длабоко во моето срце. Навистина се трудам да бидам подобра личност. Не ги имам видено моите деца од објавувањето на сториите во New York Times и New Yorker. Ова за мене е пекол на Земјата. Можно е никогаш повеќе да не ги видам моите деца“ - изјавил тој во судницата.

Жртвите на Харви Вајнстин

67-годишниот манијак во инвалидска количка и со лисици на рацете беше одведен од судењето, на кое беше прогласен за виновен за силување на Џесика Ман и принудување на орален секс на Мими Халеј. Максималната казна која тој можеше да ја добие беше 29 години.

Жртвите на Харви Вајнстин

Говорејќи за последиците од нападот, Халеј преку соопштение изјави: „Ми остави длабоки лузни, ментално и емоционално. Она што ми го направи, не само што ми го одзеде достоинството како човечко суштество и жена, туку и ми ја скрши самодовербата.“

Жените кои сведочеа против ХарвиЖените кои сведочеа против Харви на суд Мими Халеј

Мими Халеј сведочеше дека по неколку средби и соработка со продуцентската компанија на Харви, тој ја поканил во неговиот дом и започнал да се однесува насилно. „Му реков: 'Имам менструација. Нема шанси да се случи ова.' Не примаше НЕ за одговор и ме однесе во спална соба... тоа личеше на детска соба со цртежи на ѕидовите. Тој беше екстремно упорен и физички ме совлада. Ме принуди на орален секс додека имав менструација. Тој дури и ми го изваде тампонот. Бев преплашена. Чувствував неверување и ми беше одвратно“ - раскажа таа.

Харви беше еден од највлијателните холивудски продуценти пред да се разоткрие дека ја злоупотребуваше својата моќ. Над 100 жени, меѓу кои многу славни актерки, јавно проговорија за нивните искуства со Вајнстин, со што започна движењето #MeToo.

Жртвите на Харви Вајнстин

Анџелина Џоли објави дека Харви се обидел да ја искористи за време на средба во хотелска соба. „Имав лошо искуство со Харви Вајнстин во мојата младост и како резултат на тоа, одлучив никогаш повторно да не работам со него и ги предупредував сите кои соработуваа со него. Ова однесување кон жените, во било која област, во било која земја, е неприфатливо“ – изјави Џоли.

Жртвите на Харви Вајнстин

Кога имала 22 години и се обидувала да се пробие до врвот, Гвинет Палтроу била принудувана од Харви да има сексуални односи со него. Тој ја поканил во хотелска соба каде започнал да ја допира, предлагајќи ѝ да се упатат на масажа во спалната соба.

„Јас бев дете, се скаменив од страв“ – објаснила Палтроу и додала дека одбила да го задоволи Вајнстин и ја споделила случката со тогашниот партнер Бред Пит.

Бред се соочил со Харви и му рекол никогаш повеќе да не се осмели да ја допре Гвинет.

Жртвите на Харви Вајнстин

Кара Делавин на Instagram раскажа како Харви се обидел да ја „заведe“:

Кога првпат започнав да работам како актерка, работев на еден филм и добив повик од Харви Вајнстин, кој ме праша дали имам спиено со некоја од жените со кои бев гледана во медиумите. Тоа беше многу чуден и непријатен повик. Не одговорив на ниту едно од неговите прашања и побрзав да го прекинам повикот, но пред да му спуштам, тој ми рече дека ако сум лезбејка или ако одлучам да бидам со жена, особено во јавност, нема никогаш да добијам улога на хетеросексуална личност или да успеам како актерка во Холивуд.

Една или две години подоцна, отидов на состанок со него во лобито на хотел со режисер за претстоен филм. Режисерот го напушти состанокот и Харви ме замоли да останав и да поразговарам со него. Кога останавме сами, тој започна да се фали за сите актерки со кои има спиено и зборуваше како тој е заслужен за нивните кариери и за други несоодветни нешта од сексуална природа. Тогаш, ме покани во неговата соба. Брзо одбив и ја прашав неговата асистентка дали мојата кола е надвор. Таа ми рече дека не е, дека нема да биде за брзо и дека треба да одам во неговата соба.

Во тој момент се почувствував многу немоќна и бев исплашена, но не сакав да се однесувам така. Се надевав дека погрешно ја перципирав ситуацијата. Кога пристигнав, ми олесна што видов дека во собата имаше уште една жена и веднаш си помислив дека сум безбедна. Тој ни рече да се бакнеме. Брзо станав и го прашав дали знае дека можам да пеам. И започнав да пеам. Помислив дека тоа ќе ја подобри ситуацијата, дека ќе биде попрофесионална, нешто како аудиција. Бев многу нервозна. Откако допеав, реков дека треба да си заминам. Ме испрати до вратата, застана пред неа и се обиде да ме бакне на уста. Го спречив и успеав да излезам од собата.

Ја добив улогата во филмот и отсекогаш мислев дека тој ми ја даде поради тоа што се случи. Оттогаш, се чувствувам ужасно што го снимив тој филм. Се чувствував како да не ја заслужувам таа улога. Се колебав дали да прозборам. Не сакав да го повредам неговото семејство. Се чувствував виновна, како да направив нешто ужасно. Исто така, бев исплашена дека вакво нешто им се има случено и на многу жени кои ги познавам, но никој не зборува за тоа поради страв.

Жртвите на Харви Вајнстин

Актерката Ешли Џуд била поканета од Харви во неговата хотелска соба, наводно на деловен состанок. Но, кога пристигнала, познатиот продуцент бил облечен само во бањарка. Тој ја запрашал дали може да ѝ направи масажа или дали сака да го гледа додека тој се тушира. „Реков НЕ, на многу начини, многу пати и тој секогаш се враќаше со ново барање“ - призна таа.

Жртвите на Харви Вајнстин
„Бонд девојката“ Леа Сејду била на состанок со Харви во хотел во Париз. „Разговаравме на софата, кога тој одеднаш скокна на мене и се обиде да ме бакне. Морав да се бранам. Тој е голем и дебел, па морав да употребам сила за да му се спротивставам“ - раскажа таа.
Жртвите на Харви Вајнстин

The New York Times објави и аудио снимка на која Харви ја малтретира манекенката Амбра Гутиерез.

Амбра го пријавила Харви во полиција во 2015 година, откако тој ја фатил за гради и ја прашал дали ѝ се вистински, а за време на состанок во канцеларија ги ставил рацете под нејзиното здолниште. Јавниот обвинител одбил да покрене постапка против славниот продуцент.

Жртвите на Харви Вајнстин

Во 1997 година, Азија Арџенто била поканета на лажна забава во хотелска соба. Харви ја присилувал да го масира, а потоа ѝ го кренал здолништето и се обидел насила да ѝ пружи орален секс. Азија молчела долги години заради страв дека ќе биде уништена нејзината кариера.

Жртвите на Харви Вајнстин

Во 2008 година, актерката Луисет Гајс имала состанок со Харви, па како и со сите останати, тоа се одвивало во негова хотелска соба. Тој излегол од собата, а кратко време потоа се вратил гол, само со наметка. Влегол во џакузи и ѝ рекол да го гледа додека мастурбира.

Жртвите на Харви Вајнстин

Кејт Бекинсејл призна дека во неколку наврати Харви се обидувал да биде интимен со неа. „Бев повикана да се сретнам со Харви Вајнстин во хотелот 'Savoy' кога имав 17 години. Претпоставував дека ќе биде во конференциска сала, што не е невообичаено. Кога пристигнав, на рецепција ми рекоа да одам во неговата соба. Ми ја отвори вратата во бањарка. Бев премногу наивна и ниту ми помина на ум дека овој постар и непривлечен маж ќе очекува да имам сексуален интерес за него. Откако одбив алкохол и му кажав дека сум на училиште следното утро, си заминав, вознемирена, но неповредена. Неколку години подоцна, тој ме праша дали се обидел нешто со мене кога првпат сме се сретнале. Сфатив дека тој не може да се сети дали ме има малтретирано или не... Имав пријател, кој врз база на моето искуство, предупреди млада актерка која рече дека ќе оди на вечера со Харви да биде внимателна. Следниот ден тој доби повик дека никогаш нема да работи на друг филм на Miramax. Испадна дека девојката веќе спиеше со Харви и таа му кажа дека мојот пријател ја предупредил“ - се вели во нејзината изјава.

По објавувањето на шокантните сведоштва, Вајнстин и неговата сопруга Џорџина Чапман се разведоа. Чапман е позната дизајнерка и една од основачите на модниот бренд Marchesa. Заедно тие имаат две деца.

Харви Вајнстин Харви Вајнстин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20830 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.