„Очајни домаќинки“ освои милиони обожаватели, а актерите кои добија свои улоги во популарната серија стекнаа голема слава.
Актерката Медисон де ла Гарза влезе во улогата на Хуанита Солис, односно полничката ќерка на очајната домаќинка Габриела (Ева Лонгорија), а токму таа улога ѝ отвори врати кон многу можности за пробивање во Холивуд.

Неодамна, 14-годишната девојка присуствуваше на премиерата на „Middle School: The Worst Years of My Life“ и покажа колку многу се промени од почетокот на снимањето на „Очајни домаќинки“ кога имаше само седум години и беше позната како „буцкастото девојче“.





Медисон е полусестра на славната пејачка и актерка Деми Ловато.
