Кораима Торес е многу таинствена кога станува збор за приватниот живот и ретко споделува фотографии од своето семејство.
Затоа, беше вистинско изненадување што 47-годишната актерка, позната по улогата на Касандра во истоимената теленовела, позираше со синот во едиторијал за „Hola“.
За колумбиското издание на списанието, Торес позираше со 23-годишниот син Ману Нико Монтеро, кој го има со актерот Николас Монтеро. На фотографиите, Кораима гордо позира насмеана со кафеав шешир на главата покрај Ману.
„Моето чудо. Мојот прекрасен син“ - напиша Торес на Instagram.
Видео
Серијата „Касандра“ се емитуваше на почетокот од 90-тите години.

