Се сеќавате на Освалдо Риос, заводникот кој ги глумеше браќата Луи Давид и Игнасио во хит серијата „Касандра“?
Згодниот Порториканец, кој беше дел и од актерската екипа во серијата „Прегрни ме цврсто“, денес има 57 години, но сè уште посветено ја одржува својата фит форма. Освалдо Риос стекна светска слава со својата улога во „Касандра“ пред повеќе од 25 години.








Познатиот актер зад себе има три брака и е татко на три сина, Гулијано, Освалдо Габриел и Алесандро.


Во 1997 година, тој беше во врска и со пејачката Шакира. Пред повеќе од една година, Риос сподели видео во кое Шакира признава дека е во врска со него на ТВ.


