Вини Харлоу и Кајл Кузма ќе запливаат во брачните води.
30-годишниот модел со витилиго доби романтичен предлог за брак од 29-годишниот НБА играч. Тој ја изненади во авионот додека се упатуваа на одмор на Туркс и Кајкос.
Пресреќната манекенка рече „ДА“ и сподели фотографии на Instagram на кои го покажува свршеничкиот прстен.

Бидејќи летот бил на 13 февруари, Вини си помислила дека изненадувањето е по повод Св. Валентин. Но, Кајл имал друг план.
Тој ѝ прочитал поема на Вини, која завршувала со зборовите „Ќе ми бидеш ли сопруга?“. Харлоу не можела да поверува што се случува.






Парот прослави со пријателите на забава на Туркс и Кајкос.



Вини и Кајл се во врска од 2020 година.

