Џан Јаман со голема самодоверба позира за списанието „Chi“. Славниот турски актер, кој е познат по улогата во серијата „Романтичарот“, сними фотосесија во која го покажа мускулестото тело.
31-годишниот актер побарал од списанието да не ги едитира фотографиите и да го прикаже во вистинско светло.
Јаман е роден во Истанбул. Неговиот дедо е имигрант од Косово, додека неговата баба по потекло е од Македонија.
Пред да заплива во актерските води, турскиот шармер по професија беше адвокат.
Во серијата „Романтичарот“, Џан ја има главната улога. Тој е наследник на голема компанија, а се вљубува во својата асистентка Санем.