Ријана беше една од малкуте гостинки кои се придржуваа до овогодишната тема на балот МЕТ. Славната пејачка се појави облечена во воочлива креација од јапонската дизајнерка Реј Кавакубо, која стои зад брендот Comme des Garçons, а чии дела беа во фокусот на свеченоста.
Авангардната креација е од колекцијата есен 2016 на познатиот бренд. Ријана носеше накит од Chopard и црвени сандали на врзување.
Темата на галата, која традиционално се одржува во музејот на уметноста „Метрополитен“ во Њујорк, оваа година беше „Rei Kawakubo/Comme des Garçons: Art of the In-Between“.