Ричард Гир беше специјален гостин на Goya Awards. 75-годишниот актер доби престижна награда за својата кариера во светот на филмот која се протега низ долги пет децении.
На манифестацијата, Гир ја доби поддршката од сопругата Алехандра Силва. 41-годишната публицистка и активистка за оваа пригода избра креација од ателјето на Џорџо Армани.
Парот си размени љубовни погледи и бакнежи на црвениот тепих, а овие моменти беа овековечени од присутните фоторепортери. „Сега сме посреќни отсекогаш“ - изјавила тие неодамна.















Статуетката на Гир му ја додели Антонио Бандерас.
