Рајан Рејнолдс наводно освои уште една русокоса филмска ѕвезда. Според најновото издание на Us Weekly, 34-годишниот актер е во врска со привлечната Шарлиз Терон.
Потпирајќи се на свои анонимни извори, списанието пишува дека Шарлиз и Рајан се во тајна врска веќе неколку месеци.
Сведоци потврдиле дека моторот на Рејнолдс на 5 јуни бил оставен пред куќата на
Списанието пишува и дека двајцата актери потполно си одговараат, но дека не треба да се очекува наскоро да ги видиме заедно на црвениот тепих. „Двајцата се фокусирани на кариерата, но не на некој луд начин... Таа нема да оди на некој настан заедно со него. Тоа не е во нејзин стил“ – изјавил анонимен извор.
Шарлиз лани ја прекина 9-годишната врска со Стјуарт Таунсенд, а Рејнолдс оваа година се разведе од сексапилната Скарлет Јохансон.