Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ имаа прекрасен концерт во Бања Лука.
Српскиот пар настапи на затворањето на Бања Лука Фест и им подари вечер за паметење на сите присутни гости.
40-годишната пејачка и 45-годишниот актер изгледаа занесно на сцената. Иван ѝ ги бакна рацете на саканата пред да започнат со настапот.
„Колку емоции“ – напишаа од Фестивалот за овој специјален концерт.
Јелена блесна во бел фустан, додека Иван заведуваше во класичен црн костум со машна.
Фотографии: Бања Лука Фест / Instagram