Пет месеци по објавувањето на свршувачката, Ева Лонгорија и Хозе Пепе Бастон стапија во брак. Славниот пар се заколна на вечна љубов во Мексико и прослави со околу 200 пријатели и роднини.
Невестата блескаше во венчаница дизајнирана од својата пријателка Викторија Бекам, додека младоженецот носеше сив костум од италијанскиот дизајнер Брунело Кучинели.
Првата официјална фотографија од свадбената церемонија ја објави списанието „Hola!“.
eva
За првиот танц, младенците ја избраа песната „Volví a Nacer“ од колумбискиот пејач Карлос Вивес.
Ева на Instagram сподели фотографија од бурмите.
Меѓу гостите беа повеќе славни лица како Викторија и Дејвид Бекам, Мелани Грифит, Марио Лопез и Рики Мартин.
Парот се вери во Дубаи во декември минатата година.





Ова е трет брак на Лонгорија. Нејзините бракови со Тајлер Кристофер и Тони Паркер завршија со развод. И Пепе има зад себе еден неуспешен брак и три деца.