Мила Јовович пред неколку часа ја објави првата фотографија од својата новородена ќерка. Актерката со српско потекло се породи на 1 април, а малото девојче го доби името Дашиел Идан.
„Со гордост објавуваме дека денес се роди нашата втора ќерка г-ца Дашиел Идан Јовович-Андерсон!!! Таа е тешка 3,5 кг, а е долга 50 см! Те сакаме Даш“ – напиша Мила во описот на фотографијата која ја објави на Instagram.
Дашиел е втора ќерка на Јовович и режисерот Пол Андерсон, кои се запознаа на снимањето на филмот „Resident Evil“ режиран од Андерсон. Парот стапи во брак во август 2009 година.