Замина меѓу музичките легенди Љупка Димитровска. Македонската пејачка, која долги години работеше и живееше во Загреб, почина на 70-годишна возраст.

Харизматичната ѕвезда го издаде својот прв албум „Љупка“ во 1975 година, а потоа со леснотија нанижа многу хитови меѓу кои „Твоја барка мала“, „Ја га хочу, а он мене нече“, „Адио“, „Нема више љубави“ и „Године нису важне“.
Публиката во Македонија најдобро ја памети по „Ѕвона, ѕвонат“.
„Ѕвона, ѕвонат“
Беше во брак со хрватскиот композитор Никица Калоѓера, чиј потпис стои на повеќето од нејзините најголеми хитови.
Потсетете се на музиката која ја освои цела Југославија: