Почина Флоренс Хендерсон. Актерката, позната по улогата на Керол Брејди во серијата „The Brady Bunch“, издиша за последен пат на 82-годишна возраст. Како причина за смртта се наведува конгестивна срцева слабост.
Тажната вест ја потврди нејзината менаџерка Кајла Пресмен преку соопштение, во кое изјави дека Флоренс починала опкружена од семејството и пријателите.





Неколку денови пред смртта, Ендерсон присуствуваше на шоуто „Dancing with the Stars“.



„The Brady Bunch“ ја раскажува приказната за авантурите и проблемите на големото семејство Брејди. Серијата траеше од 1969 до 1974 година.

