Тажна вест за обожавателите на The Cranberries. Долорес О’Риордан почина на 46 години. Причината за смртта засега не е откриена пред јавноста.
Според соопштението на нејзината претставничка, славната пејачка издишала за последен пат во Лондон, каде снимала нова музика.
Талентираната музичарка и нејзиниот поранешен сопруг Дон Бартон се родители на три деца.
И покрај тешкото детство и борбата со ментални болести и нарушување во исхраната, Долорес постигна огромен успех. Пред неколку години, таа отворено проговори дека била сексуално злоупотребувана како дете и дека тоа оставило непоправливи штети врз нејзиното психичко здравје.
Љубителите на музиката вечно ќе ги асоцираат хитовите „Zombie“, „Linger“, „Promises“, „Salvation“, „No Need to Argue“ и „Free to Decide“ со препознатливиот глас на Долорес.