Меги Смит замина во легендите. Врвната актерка почина на 89-годишна возраст, а последните моменти од својот живот ги поминала во болница.
Филмската дама, која ќе остане запаметена по улогите во бројни филмови и серии како „Harry Potter“ и „Downton Abbey“, утрово издиша за последен пат. „Таа почина мирно во болница утрово, петок 27 септември“ – стои во соопштението од нејзиниот публицист.
Легендарната филмска ѕвезда во својата долга седумдецениска кариера шест пати била номинирана за Оскар, има освоено две оскаровски статуетки, осумнаесет БАФТА награди, девет Еми награди и три Златни глобуси.