Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Потврдено е: Ким Катрал ќе биде дел од продолжението на „Sex And The City“

Потврдено е: Ким Катрал ќе биде дел од продолжението на „Sex And The City“

„Саманта Џонс“ ќе биде дел од втората сезона на продолжението на „Sex And The City“.

Од HBO Max ја потврдија веста за враќањето на актерката Ким Катрал во популарната серија „And Just Like That“. Според информациите, 66-годишната актерка накратко ќе се појави во сцена во која ќе разговара на телефон со својата пријателка Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер).

Ким Катрал

Variety пренесе дека Катрал го снимила видеото во Њујорк без да се сретне или да разговара со останатите ѕвезди од серијата, Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис. За појавувањето, таа била облечена во модели од костимографката на „Sex And The City“, Патриција Филд.

Ким Катрал Ким Катрал

Откако долго време се зборуваше дека Ким и Сара Џесика се во лоши односи, во 2017 година Катрал изјави дека никогаш не била пријателка со која било од протагонистките во серијата. Не беше тајна ниту нејзината изјава дека никогаш повеќе нема да се врати да учествува доколку се снима трет филм.

Екипата на „And Just Like That“ била изненадена и возбудена поради враќањето.

„Таа рече дека никогаш нема да го направи тоа. Рече дека никогаш нема да се врати“ – рекол извор на The Post.

Ким Катрал

Премиерата на втората сезона ќе биде на 22 јуни. Таа ќе се состои од 11 епизоди.

Тизер за втората сезона на „And Just Like That“:

Ким Катрал

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20818 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.