Саманта Џоунс е можеби најколоритниот лик од популарната серија „Сексот и градот“. Ким Катрал, која долги години ја популаризираше незапирливата заводничка Саманта, сега доби своја наследничка.
Линдзи Горт е избрана да ја глуми младата Саманта во новата серија „The Carrie Diaries“. Објавена е и првата фотографија од Линдзи како Саманта во младоста.
По објавувањето на веста, Катрал преку Twitter ѝ се обратила на Линдзи со пораката: „Многу сум среќна што ти ќе ја глумиш Бестрашната Сем! Клучот до неа е нејзиното срце. Таа никогаш не ги суди оние што ги сака.“
Линдзи ќе ѝ се придружи на АнаСофија (новата Кери Бредшо) во серијата која го опишува животот на Кери во 80-тите години, односно годините пред „Сексот и градот“.
Продуцентите изјавиле дека младата Кери ќе се запознае со младата Саманта во втората сезона на серијата.