Оливија Палермо сними фотосесија за „PopSugar“ и зборуваше за својот стил и модните колекции кои ги има дизајнирано за повеќе брендови.
За едиторијалот, Даен фон Фирстенберг, Кристијан Лобутин и Џими Чу ѝ позајмија свои креации на популарната блогерка.
Палермо позираше пред фото-објективот на Сара Силвер.


Во интервјуто, Оливија признала дека не го напушта својот дом недотерана. „Дефинитивно не излегувам од дома сè дури не сум целосно подготвена. Го започнувам денот дотерана и спремна за авантура. Никогаш не можеш да знаеш каде ќе те одведе денот. Таква е мојата мајка и дефинитивно го научив тоа од неа“ – рекла таа.
На прашањето дали чувствува притисок во однос на стилот, бидејќи постојано е фотографирана, таа одговорила: „Не, јас се облекувам за себе. Како што се чувствувам во моментот.“


30-годишната модна икона на денешницата низ годините има соработувано со повеќе брендови и има креирано колекции за BaubleBar, Westward Leaning, Ciaté London, Aquazzura и Nordstrom.
„Навистина сум среќна. Прекрасно е и премногу сум возбудена. Работев на колекцијата последниве неколку месеци и сега конечно е лансирана“ – рекла Палермо за колекцијата за „Nordstrom“ и додала дека е благодарна за позитивните критики кои ги добила за последните свои дизајни.



