Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Оливија Кулпо со фотографии сподели дека е бремена со првото дете по борбата со ендометриоза

Оливија Кулпо со фотографии сподели дека е бремена со првото дете по борбата со ендометриоза

Оливија Кулпо е во блажена состојба. Поранешната Мис Универзум го очекува првото дете со сопругот Кристијан МекКафри.

32-годишната убавица, која страдаше од ендометриоза и беше оперирана во 2020 година, сега е пресреќна што конечно ќе го добие своето мало чедо.

Убавата вест таа ја сподели со фотографии од трудничкото стомаче и видео со саканиот. „Следно поглавје, мајчинство“ – напиша таа во описот.

Оливија Кулпо и Кристијан МекКафри Оливија Кулпо Оливија Кулпо Оливија Кулпо

Кулпо целиот свој живот страдала од болни менструации и добивала само погрешни дијагнози од докторите. Но, во 2019 година, таа конечно ја добила вистинската дијагноза – ендометриоза.

Следната година, таа помина низ операција за отстранување на чоколадните цисти од нејзините јајници и благодарение на тоа, денес успеа да носи бебенце во својата утроба.

Оливија Кулпо Оливија Кулпо Оливија Кулпо

Оливија и 28-годишниот НФЛ играч стапија во брак минатото лето.

Таа не ги криеше своите стравови за тоа дали ќе може да забремени и отворено зборуваше на таа тема. „Сакам да имам деца, но сакам да се осигурам дека можам. Може да биде многу тешко за мене да имам бебиња“ – изјавила таа во 2022 година.

Оливија Кулпо Оливија Кулпо Оливија Кулпо

„Болните менструации не се нормални!!!“ – вели Оливија и апелира сите жени кои имаат болни менструации да си направат преглед за ендометриоза.

„Ендометриоза е состојба при која ткиво од обвивката на матката одлучува да расте на други делови од телото, предизвикувајќи болка. Ова може да влијае на плодноста и на целокупното здравје и да бидам искрена – на среќата“ – дополнува атрактивната мисица.

Оливија Кулпо

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23651 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.