Вчера беше објавен новиот трејлер за филмот „Allied“ во кој главните улоги ги толкуваат Бред Пит и Марион Котијар.
Во видеото, 40-годишната актерка и 52-годишниот актер се заљубуваат и си разменуваат страсни бакнежи, а потоа Бред ја бара Марион за жена. Во филмот, главните ликови, кои се шпиони, стапуваат во брак и добиваат ќерка.
Интересно е што Paramount го објави трејлерот неколку часа по веста дека Бред Пит и Анџелина Џоли се разведуваат. Се шпекулира дека една од можните причини за разводот е љубомората на Џоли поради наводна афера меѓу Бред и Марион.


