Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Никола Роквиќ за Велигден со семејството во Македонија сред патувањето пешки долго 1.060 км со хумана цел

Никола Роквиќ за Велигден со семејството во Македонија сред патувањето пешки долго 1.060 км со хумана цел

Никола Роквиќ накратко го прекина патувањето пешки од Белград до грчкиот остров Егина за да го прослави Велигден со семејството во Македонија.

38-годишниот српски пејач, кој има мисија да собере 200 илјади евра за детска онкологија, го дочека големиот христијански празник во друштво на трите деца и сопругата Бојана. Двајцата споделија фотографии на социјалните мрежи.

Никола Роквиќ
Никола Роквиќ Никола Роквиќ Никола Роквиќ Никола Роквиќ Никола Роквиќ Никола Роквиќ Никола Роквиќ Никола Роквиќ Никола Роквиќ Никола Роквиќ Никола Роквиќ
Никола Роквиќ

Денес е 16-ти ден од почетокот на неговата мисија, а тој објави дека веќе има собрано 16 милиони динари за купување апарат за дијагностицирање на рак на мозокот кај децата и за реновирање на детската онкологија. Негова цел е да собере 200 илјади евра.

„Презадоволен сум и повеќе отколку што очекував! На овој пат се трудам да го барам доброто, да гледам со добар поглед и да го барам доброто во луѓето. Се трудам да не судам. Ја гледам убавината во човечката несовршеност, осеќам радост додека гледам дечиња и старци... Барајте го доброто, не ги гледајте лошите работи, зборови, погледи...“ – напиша Роквиќ.

Вчера, Никола ја одбележа и 8-годишнината од бракот со Бојана.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12012 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.