Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Никол Шерцингер и Луис Хамилтон се разделија по 4-годишна врска

Никол Шерцингер и Луис Хамилтон се разделија по 4-годишна врска

Никол Шерцингер и Луис Хамилтон ѝ ставија крај на својата 4-годишна врска. Сексапилната пејачка и познатиот возач во Формула 1 решиле да се разделат бидејќи работните обврски не им дозволувале да поминуваат доволно време заедно.

Луис Хамилтон и Никол ШерцингерЛуис Хамилтон и Никол Шерцингер

„Никол и Луис се обидоа, но сфатија дека врската нема да им успее, па се разделија засекогаш. Тие долго разговараа за тоа, но се согласија дека нема смисла затоа што никогаш не се гледаа. Го поминуваа времето на спротивни страни на светот. Иако тоа беше заемна одлука, Никол всушност е скршена од болка. Таа мислеше дека Луис е вистинскиот“ – изјавил нивни близок за британскиот весник The Sun.

Поради новата работа како член на жирито на американското шоу X Factor, Никол е стационирана во Лос Анџелес, Калифорнија, додека Луис постојано патува низ цел свет.

Ова не е прва нивна разделба. На почетокот на годината тие беа разделени краток период, но тогаш решија да ѝ дадат на врската уште една шанса.

33-годишната пејачка и 26-годишниот возач во Формула 1 се запознале во 2007 година. Во текот на летото се појавија гласини дека се верени, но истите набрзо беа негирани од нивни претставници.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19141 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.