Доволно драматична за да ве хипнотизира пред екранот, доволно реална за да се пронајдете на моменти, доволно динамична за да посакате да не заврши... Новата серија „Азбуката на нашиот живот“ забрзано придобива фанови на Балканот.
Ротирајќи околу животот на белградското семејство Поповиќ, серијата нè води на турбулентно патување низ кое се испреплетуваат љубовни авантури, лаги, амбициозен стремеж кон материјален успех и цел дијапазон на емоции.
Снимена по романите „Азбуката на мојот живот“ и „Машка азбука“ на познатата српска авторка Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ, новата серија и од женска и од машка страна ни ги доловува животите на Весна и Милош, брачен пар кој по четвртина век заеднички живот, стигнува до заклучокот дека семејството му се распаѓа.
Александра Јанковиќ ја има главната женска улога во ТВ-проектот кој се роди од соработката на Contrast Studios и Телеком Србија. Имавме можност да поразговараме со талентираната актерка за нејзиното искуство и впечатоците.
„Постигнавте сè, но изгледа дека се изгубивте себе“ – е мошне впечатлива реплика од серијата која ја среќаваме уште во самиот трејлер. Во колкава мера таа реченица ја опишува ситуацијата во која се наоѓа бракот и животот на ликовите Весна и Урош?
Александра
- Ја опишува со целокупната мисла и со секоја буква, тоа е парадигма на денешниот начин на живот. Брзаме по пари и материјални работи, несвесно се повеќе се оддалечуваме од самите себе и кога сето тоа ќе го постигнеме, доаѓа до она клучно прашање „каде сум и кој сум?“. Тоа е прашање на сите прашања, тоа е плускавец кој што во денешниот современ свет го решаваме со антидепресиви, психолози/психијатри, љубовници, автомобили, Малдиви итн. И каде и да одиме, каде и да се најдеме, нас нè нема. Темата на оваа серија го отвора прашањето во кое што може да се препознае безмалку секоја семејна заедница.
Неверство, отуѓување, самотија, разочарување, криза со сопствениот идентитет... Кој елемент од брачниот хаос во серијата ви беше најголем предизвик да го одглумите?
- Отуѓеноста, осаменоста, кризата на сопствениот идентитет се карактеристики на современиот човек во кои што и ние како актери можевме да се препознаеме во ликовите. Неверството е само последица на дисфункционалноста на клетката наречена семејство. Така што, тоа не е предмет за осудување, туку манифестација на проблемите кои што во семејната заедница веќе постојат. Со самото тоа, неверството доаѓа како пролетен ветер, лесен грип, алергиска кивавица со трајни последици.
Во што потполно се разликувате, а во што сте слични со Весна?
- Весна е мирна и мудра, јас сум неартикулирана, но еднакво топла и со желба за најдобар краен исход. Кога станува збор за првата сезона, Весна според мене е значително поуспешна, и најважната разлика, што јас сум сигурна дека во психологијата на човекот исто така се важи, Весна е оставена, додека јас бев таа која заминував, но на крајот тие вектори се спојуваат во една точка – разбирањето, бидејќи и оној кој е оставен и оној кој остава поеднакво страдаат поради тој неуспех.
„Азбуката на нашиот живот“ обработува проблематики во кои секој ќе се пронајде. Имаше ли сцена или дијалог од сценариото кои ве натераа да застанете за момент и да се замислите за вашиот живот?
- Да, секако. И врзано е исклучиво за децата. Еднаш родител, засекогаш родител. И тој процес во кој што детето расте во човек, а родителот во родител. Во клучниот момент од мојот живот, имајќи ја поддршката на поранешните свекор и свекрва, ми изговорија важна изрека: „Најтешко е да се биде родител, бидејќи за тоа ништо не знаеш.“
Јадран Малкович, кој глуми ваш сопруг, од професионален аспект ве нарекува „партнерка од сонишатата“. Како вие ќе ја опишете соработката со него и дали беше тешко воспоставување на хемија која задржува погледи на екраните?
- Хемијата се случи со самото негово влегување во просторијата. Тој е харизматичен човек, прекрасен партнер и најубав другар. Би го посакала на секој од своите колеги, тој е расположен и отворен за соработка, доверлив партнер, безбеден за да со него, со помош на режисерот, креираш најдобро.
Љубовната приказна на главните ликови достигнува до несреќно поглавје по 25 години заеднички живот. Верувате ли во доживотна љубов или сметате дека не е реално да се очекува дека љубовта ќе трае засекогаш?
- Љубовта трае засекогаш, а прикажувањето на таа вечна љубов може да биде на разни начини доведено во прашање. Тоа нужно не значи дека нема љубов, бидејќи за мене љубов е разбирање и ултимативно покажување љубов за мене значи и пуштање на другиот човек да го живее животот кој што во дадениот момент го посакува. Во природата на човекот е да сме себични, да сме во страв, да не допуштаме и да не попуштаме, во природата на вечната љубов е да разбираме. Вечна борба меѓу Давид и Голијат во самиот човек.
Серијата е снимана во елитни населби, луксузни хотели и реномирани ресторани и е прикажана елегантната страна на Белград. Која локација најмногу ве воодушевува?
- Станот на Поповиќ. Влегувањето на тој сценографски простор кој што го одразува животот на едно реално семејство за мене е импресивен. Голема, луксузна „гајба“ во која што со првиот чекор почувствував еден семеен живот. Таму минавме месец дена и со сигурност можам да кажам дека во 250 метри квадратни може да живее едно функционално, љубовно четиричлено семејство. Од друга страна, куќата во која што живеат Сара и Реља, во мене предизвикуваше страв, чувство на дистанца и збунетост дека некое друго четиричлено семејство може да живее на три ката, мислејќи дека се наоѓаат во луксуз. За мене тоа беше чувство на отуѓеност, непостоење и бегство.
„Азбуката на нашиот живот“ ви ја носи првата главна улога во серија. Кога ја прифативте, што чувствувавте повеќе – возбуда или одговорност?
- Поеднакво и возбудување и одговорност. Прво беше возбудувањето кое што доста кратко траеше, а одговорноста трае и ден-денес. Иако во животот посакував главна улога, на тоа не придавав преголема важност. Тежнеам кон фантазирање, па си замислував и за главна улога, но оној момент кога телефонот заѕвони и од страна на режисерката ми беше понудена главната улога, безмалку останав без здив. Фантазијата за момент се претвори во реалност и тогаш го изгубив цврстото тло под нозете. Сè после тоа беше одново создавање сигурност во себе и желба да ја оправдам таа прилика.
Семејната мелодрама која ја создадовте освојува уште со првата епизода и веројатно публиката нема да се засити само со една сезона. Какви се плановите за втора сезона?
- Да, се надеваме дека ќе има. Режисерката Јелена Бајиќ Јочиќ размислува за продолжение на оваа приказна и она што со сигурност можам да го кажам е дека има план како сите ликови и понатаму да ги развива, така што ќе чукне ама баш на сечија врата. Кога ќе се причини дека животот некаде завршува, тој всушност продолжува со свој тек. Би било навистина интересно да се видат искушенијата во кои што влегуваат Весна, Урош, Лидија, Сунчиња, Лука, Марта и сите останати.
„Азбуката на нашиот живот“ се емитува секој петок на каналот Superstar, кој е дел од ексклузивната понуда на Мтел, новиот телекомуникациски оператор кај нас.
Во моментов има промотивна понуда на пакетите за новите корисници со 50% намалување на месечната претплата во период од 12 месеци. Повеќе информации можете да пронајдете на: mtel.mk/paketi/.