Новак Ѓоковиќ не дозволува публиката на Вимблдон да покаже непочитување кон него.
37-годишниот српски тенисер не само што го победи Холгер Руне, туку и ја доби „битката“ со британската публика која гласно навиваше за Данецот.
Откако се пласираше во четвртфиналето на Грен Слем турнирот, Ноле им возврати на сите оние кои покажаа непочитување.
„На сите фанови кои имаат почит и кои останаа тука вечерва, ви благодарам од дното на моето срце. А на сите оние луѓе кои одлучија да покажат непочитување кон играч, во случајот кон мене, имајте доооообра ноќ“ – рече Ноле.
Водителот потоа му рече дека тие луѓе само навивале за неговиот противник, но Ноле не ја прифати неговата сугестија.
„Не го прифаќам тоа. Не. Се натпреварувам повеќе од 20 години, па верувајте ми, ги знам сите трикови. Знам како функционира. Во ред е. Јас се фокусирам на луѓето кои имаат почит, кои плаќаат за да дојдат и да гледаат, кои го сакаат тенисот и ги почитуваат играчите и напорот кој тие го вложуваат тука.“
„Сум играл и во понепријателска средина. Верувајте ми, не можете да ме допрете“ – додаде Србинот.
Новак ја имаше поддршката од семејството. Неговата сопруга Јелена со двете деца страсно навиваше за него.