Бјанка Балти нема да дозволи ќелавата глава и огромната лузна на стомакот да ја спречат да работи како модел.
40-годишната манекенка, која во септември минатата година сподели дека има рак на јајници во трет стадиум, сними фотосесија која многу ѝ значи. Сакајќи повторно да се чувствува нормално, Бјанка го повика својот тим и позираше пред апаратот на Лукреција Ганацоли.
Кога ми беше дијагностициран рак, некако знаев дека ќе се справам, но многу бев загрижена што повеќе нема да можам да заработувам за моето семејство. За мојата професионална вредност отсекогаш беше суштински мојот изглед, а со долга лузна на мојот стомак и без коса, не го отелотворувам стереотипот на модел.
Кога бев принудена да одмарам во кревет, сфатив дека силно ја поврзувам мојата самодоверба со продуктивноста.
Накратко, го повикав мојот неверојатен тим и му ја кажав мојата потреба да се чувствувам повторно „нормално“ преку работата. Тие ме ислушаа и со ентузијазам го започнаа овој проект.
„Turning Heads“ е труд од љубов и многу ми значи.
По објавувањето на фотографиите, Балти доби бројни пораки полни поддршка, вклучително и од свои колешки како Алесандра Амбросио и Кити Спенсер.
„Убавица“ – напиша Алесандра.
„Ти секогаш си најубава, без разлика на сè“ – стои во пораката на Кити, внуката на принцезата Дијана.
Во 2022 година, Балти откри дека го носи мутираниот ген BRCA1, кој значително го зголемува ризикот за развој на рак на дојки и јајници. Тогаш, таа направи превентивна операција за отстранување на градите.
Балти дозна дека има рак во септември 2024 година.