Ешли Грем непрекинато докажува дека се гордее со своите облини и дека не се срами од целулитот и стриите на своето тело. Но, тоа не ја прави имуна на навредите за физичкиот изглед.
Откако се појавија папарацо фотографии од снимањето на фотосесија, многумина си дозволија да ја критикуваат за изразениот целулит на нозете.




За да возврати на лошите коментари, меѓу кои и коментарот дека нејзините бедра се „град на целулитот“, таа сподели фотографии без Фотошоп заедно со пораката: „Некој еднаш ми рече дека моите бедра се град на целулитот. Но, јас сега сфаќам дека овие бедра раскажуваат приказна за победа и храброст. Нема да им дозволам на други да диктираат како треба да изгледа моето тело за нивно задоволство, а не треба да го дозволите тоа ниту вие.“
Сепак, критиките кон Ешли не запираат, бидејќи на модните фотографии за кампањи и едиторијали нејзините нозе изгледаат совршено мазни и без несовршености.


