Почетна » Новости » Шоу-бизнис » На колку години славните ја изгубиле невиноста?

На колку години славните ја изгубиле невиноста?

Анџелина ЏолиЕштон КучерЏони ДепЏесика СимпсонАдријана ЛимаБрук ШилдсМетју МеконахиСиена МилерБритни СпирсКели ОзборнДастин ХофманЛиса КудроуМетју ФоксФергиМеган ФоксДаниел РедклифПарис ХилтонКлои КардашијанОрландо БлумТина Феј

Анџелина Џоли

Анџелина Џоли ја изгубила невиноста на 14 години.

„Имав секс со моето прво момче кога имав 14 години. Во еден момент сакајќи да се почувствувам поблиска со него зедов нож и го секов. И тој ме сече мене“ – изјавила таа.

Ештон Кучер

Ештон Кучер ја изгубил невиноста на 15 години.

„Беше надвор во шума и беше ужасно. Беше со девојка која тогаш ја запознав. Целата работа траеше 2 секунди и беше навистина незгодно. Две години подоцна повторно спиев со неа само за да ѝ покажам дека првиот пат беше чиста случајност и дека станав подобар“ – признал тој.

Џони Деп

Џони Деп за прв пат имал секс на 13 години со повозрасна членка на неговиот бенд The Flame. Тоа се случило одназад во комбето со кое патувала групата.

Џесика Симпсон

Џесика Симпсон успеала да ја зачува својата невиност до свадбата со нејзиниот сопруг Ник Лечи. Тогаш таа имала 22 години.

Адријана Лима

Адријана Лима е од жените кои веруваат дека невиноста треба да се зачува до бракот. Таа ја изгубила невиноста со својот сопруг Марко Јариќ на 27 години.

Брук Шилдс

Брук Шилдс, позната од филмот „The Blue Lagoon“, ја изгубила невиноста на 22 години. Таа признала дека ќе го направела тоа и порано, но не го сакала својот изглед.

Метју Меконахи

Метју Меконахи ја изгубил невиноста на 15 години, но како вистински џентлмен никогаш нема откриено повеќе детали.

Сиена Милер

Сиена Милер за прв пат имала секс со момчето со кое била во сериозна врска на 16 години. Тие имале секс во спалната на Сиена затоа што мајка ѝ сакала тоа да се случи во нејзиниот дом, а не на некое друго место.

Сиена признала дека мајка ѝ ѝ велела: „Ако веќе го правиш, претпочитам да го сториш тоа во мојата куќа“.

Бритни Спирс

Бритни Спирс ја изгубила својата невиност на 14 години со спортист од нејзиното средно училиште, а не со Џастин Тимберлејк како што мислат повеќето луѓе. Тоа го открила нејзината мајка Лин.

Кели Озборн

Кели Озборн се предала целосно кога имала само 13 години и дури мислела дека е бремена. „Се убедив себеси дека сум бремена кога имав 13 години“ – раскажувала таа.

Дастин Хофман

Дастин Хофман ја изгубил невиноста на 15 години. Тоа се случило на новогодишна забава со повозрасна жена која во темната соба погрешно помислила дека се работи за братот на Дастин.

Лиса Кудроу

Лиса Кудроу, позната по улогата на Фиби од серијата „Friends“, ја зачувала невиноста до нејзината свадба во 1995г. Тогаш Лиса имала 32 години.

Метју Фокс

Метју Фокс за првпат имал секс на 12 години со негова повозрасна пријателка. „Беше ужасно и непријатно“ – изјавил тој за „Playboy“.

Ферги

Ферги за прв пат имала сексуални односи на 18 години. „Отсекогаш сум била сексуална личност. Отсекогаш сум морала да се воздржувам – ја изгубив невиноста на 18 години“ – изјавила таа.

Меган Фокс

Меган Фокс ја изгубила невиноста на 17 години и изјавила дека воопшто не било непријатно затоа што била заљубена.

Даниел Редклиф

Даниел Редклиф за прв пат имал секс на 16 години. Ѕвездата од Хари Потер ја изгубил невиноста со повозрасна пријателка.

Парис Хилтон

Парис Хилтон ја изгубила невиноста на 15 години во хотел во Палмс Спринг. Таа за првпат имала секс со Ренди Спелинг, син на познатиот продуцент Арон Спелинг.

Клои Кардашијан

Клои Кардашијан призна во емисијата The View дека ја изгубила невиноста на 14 години со повозрасен маж и дека потоа се чувствувала ужасно. „Требаше да ги послушам моите родители. Не дозволувајте некој да ви врши притисок“ – изјавила таа.

Орландо Блум

Орландо Блум ја изгубил невиноста на 14 години. „Кога имав 14 години запознав една многу специјална девојка и ја изгубив невиноста со неа. Да кажеме дека од тогаш мојот интерес за жените се зголеми уште повеќе“ – признал тој.

Тина Феј

Тина Феј за првпат имала секс на 24 години со Џеф Ричмонд, човекот кој подоцна ќе ѝ стане сопруг.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18957 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.