Моника Белучи по втор пат оваа година ја краси насловната страна на списанието Vanity Fair. На прекрасната фотографија е прикажана 46-годишната актерка како ја држи во рацете својата петмесечна ќерка Леони.
Фотосесијата со малата Леони е направена со цел да ја промовира новата книга со портрети од неверојатната актерка.
„Фотографирањето е начин на којшто можам да се запознам себе си. Јас умирам да дознам која сум, за добро или лошо“ – изјавила Моника.
Тоа што е мајка не ѝ попречува на италијанската убавица да биде професионално активна. Таа успеа да сними реклами за D&G и Martini и два филма, од кои еден со Роберт Де Ниро, а неодамна се појави и на насловната страна на австралиското списание Men's Style.
Феноменалната Белучи позираше за Vanity Fair и во април оваа година, додека беше бремена со Леони.