Моника Белучи беше одликувана со престижниот орден „Легија на честа“ од страна на претседателот на Франција, Франсоа Оланд. 52-годишната актерка со широка насмевка го прими почесниот медал.
На свеченоста, која се одржа во Елисејската палата во Париз, славната Италијанка се појави во светкав црн фустан.





Меѓу холивудските актери кои во минатото го имаат добиено ова признание се Клинт Иствуд, Роберт Редфорд, Роберт Де Ниро и Салма Хајек.