Џенифер Лопез обично е опсипувана со пофалби за нејзиниот стил на облекување, но ниту таа не е имуна на стилски грешки.
Популарната актерка и пејачка беше фотографирана додека се упатуваше на снимањето на American Idol во краток фустан кој поттикна негативни критики.
Неспорно е дека 46-годишната ѕвезда изгледа фантастично, но креацијата, која е дело на Фаусто Пуљизи, премногу ја разголи и не ја претстави нејзината фигура во добро светло.







Претходно, Лопез се појави на AI во бел фустан од Викторија Бекам.
