Списанието „Town & Country“ секоја година избира 50 успешни млади дами кои ги нарекува „модерни лебеди“, а оваа година на таа листа се најде Карис Зета Даглас – ќерката на Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас.
По тој повод, 15-годишната девојка присуствуваше на забава организирана од познатото списание. Карис ја доби поддршката од своите славни родители кои позираа заедно со неа на настанот.
Фотографиите од дуото мајка-ќерка привлекоа големо внимание и многумина искоментираа дека Карис изгледа исто како нејзината мајка кога била тинејџерка.
„Модата ми е многу важна во мојот живот, бидејќи мајка ми за мене е модна икона“ – изјавила Карис.
Славното семејство позираше со дизајнерот Мајкл Корс.
Кетрин и Карис ја красат насловната страница на септемвриското издание на „Town & Country“.