Докторите откриле дека Мајкл Даглас има тумор на грлото. Оваа вест ја потврдија многу странски медиуми повикувајќи се на изјавите на претставник на 65-годишниот актер.

Мајкл ќе оди на 2-месечно лекување со радијација и хемотерапија, а докторите предвидуваат дека целосно ќе се опорави. И самиот Даглас верува дека ќе се пребори успешно со болеста. „Голем оптимист сум“ – изјавил за списанието People.
Претставник на Мајкл Даглас не одговорил на прашањата на новинарите за тоа за каков тип на рак се работи, кога е откриен или кога ќе започне лекувањето, како и за поврзаноста на ракот со лошата навика на Мајкл – пушењето.