Лука Дончиќ стана татко.
24-годишниот словенечки кошаркар ги изненади фановите со веста дека доби ќеркичка. Тој и неговата вереница Ана Марија ја објавија првата фотографија од новороденото девојче, кое го доби името Габриела.
На последниот негов натпревар, тој си го испиша името на бебенцето на патиката, па запиша 36 поени, 15 скокови и 18 асистенции.
Парот добро ја криеше бременоста, па на социјалните мрежи нема фотографии на кои се гледа дека Ана Марија е бремена.
Славниот НБА играч ја запроси Ана Марија на 07.07 оваа година. Во неговиот клуб Далас Маверикс, тој го носи бројот 77.