Никол Шерцингер ја краси насловната страница на новото издание на списанието „Fabulous“.
За фотосесијата, 38-годишната пејачка заводливо позираше пред фотоапаратот на Марк Хејман во креации кои го истакнаа нејзиниот сексапил.


Во интервјуто за списанието, Никол зборува за својот љубовен живот и признава дека Луис Хамилтон, со кого беше во врска седум години, е само минато за неа. „Мислам дека ние... си посакуваме еден на друг сè најдобро. Најискрено, тој е во моето минато, а јас го чувам минатото во минатото“ – вели таа.
На прашањето дали постои љубов меѓу неа и сегашното момче, 25-годишниот бугарски тенисер Григор Димитров, Шерцингер одговара: „Да, се надевам. Јас сум личност која знае да сака. Заедно сме подолго време, па јас едноставно живеам во моментот и сум среќна“.



Шерцингер вели дека најважното нешто кое го научила во изминатите години е да си поставува граници во љубовта и да ја пронаоѓа среќата прво во себе.
„Мораме да бидеме способни да си поставуваме љубовни граници за да го зачуваме нашето достоинство. Пречесто си дозволуваме нештата да се случат и стигнуваме до многу ранливо и нестабилно место. Многу сум среќна, многу сум горда со себе“ – вели Никол и додава дека дефинитивно планира да има деца во иднина кои ќе ги одгледува на ист начин како што мајка ѝ ја растела неа.
Никол досега се има појавено на неколку корици на списанието „Fabulous“.


