Линдзи Лохан може да се пофали дека е слободна жена, откако одлежа само 13 дена од тримесечната затворска казна и престојуваше само 23 дена во центар за рехабилитација, иако ѝ беа досудени 90 дена за рехабилитација.
Проблематичната актерка ќе продолжи да биде дел од програма за рехабилитација, но нема да престојува во центарот.
„Таа излезе од рехабилитација и се справува одлично“ – изјавил анонимен извор за списанието Пипл.
Во меѓувреме, Марша Ревел, судијката која ја осуди Лохан, си подаде оставка и в понеделник 24-годишната актерка треба да се појави на сослушување кај нов судија.