Леонардо Дикаприо и Камила Морон се на одмор во Италија со родителите, па многумина се запрашаа дали можеби станува збор за прослава за свршувачка или евентуално подготовка за свадба.
Нивни придружници се родителите на 44-годишниот актер, Џорџ и Ирмелин, како и родителите на 22-годишниот модел, Лусила и Максимо. И родителите на Лео и родителите на Камила се разведени.
Камила сподели фотографија од Рим со мајка си Лусила, а целото друштво беше видено и во Ватикан и на Езерото Комо.
Леонардо и Камила се во врска од крајот на 2017 година и редовно се мета на коментари поради дводецениската разлика во возраста.