Вчера на Париската недела на високата мода беше покажана колекцијата на Диор за сезоната есен/зима 2010. Колекцијата е дело на популарниот британски дизајнер Џон Галијано.
Публиката била воодушевена од веселите креации и целата ревија беше позитивно прифатена од критичарите.
Иако колекцијата е наменета за сезоната есен/зима, Џон црпел инспирација од летните цвеќиња. Долните делови на креациите претставуваа превртени цветови, а присуствуваа скоро сите бои.
Во публиката се најдоа многу ѕвезди меѓу кои Џесика Алба, Блејк Ливли и Лили Кол. По ревијата Џесика изјавила: „Ми се допадна, сакам да бидам секое цвеќе во градината на Гилијано“.
Погледнете дел од ревијата.