Шведското кралско семејство се прошири со нов член.
Принцезата Софија и принцот Карл Филип ја добија првата ќерка. Ова е четврто дете на шведскиот кралски пар, кој веќе има три сина – принцот Александар, принцот Габриел и принцот Јулијан.


Девојчето се роди на 7 февруари во болница во Стокхолм, а веќе е дома со своето семејство. 40-годишната принцеза и 45-годишниот принц беа фотографирани додека си заминуваа со новороденото девојче.
„Сè помина добро и сите сме добро“ – рекла Софија за фоторепортерите.








На крајот на минатата година, Софија и Карл снимија фотосесија со децата. Тогаш таа рече:
„Не би го променила местото каде што сум. Јас сум на многу среќно место во животот“.

Софија никогаш не си замислувала дека може да биде шведска принцеза. Таа се запознала со саканиот на тениски натпревар, а нивната врска била потврдена во јули 2010 година. Својата љубов ја крунисаа со брак во 2015 година.
