Кијану Ривс овој период престојува во Европа.
59-годишниот актер посети трка од Мото ГП шампионатот во Германија, каде беше заедно со неговата партнерка Александра Грант.
Среќните партнери ја проследија трката и се возеа на мотор, а папараците го следеа секој нивни чекор. Ѕвездата од „John Wick“ и „Matrix“ носеше тексас јакна, додека Грант искрено се смешкаше облечена во сина блуза.
Претходно, Кијану со својот бенд настапи низ неколку европски градови, меѓу кои и Загреб.
Фотографиите од неговиот престој во Хрватска се распространија насекаде.
Ривс настапи и во Србија.