Ким Кардашијан објави фотографија од малиот син со цел да го одбележи денот кога се роди нејзиниот татко Роберт Кардашијан.

Освен слатката фотографија од малото заспано момченце, таа сподели и кратка порака.
„Денес му е роденден на татко ми. Знам дека нема ништо на светот кое тој би го сакал повеќе од тоа да ги запознае своите внуци. Па, сакав да ја споделам оваа фотографија од Сент со сите вас“ – пишува Ким.

Ким и Кание Вест добија син на 5 декември минатата година. Парот има и 2-годишна ќерка, Норт Вест.
Неодамна Ким и Норт беа фотографирани на лизгалиште во Њујорк.



