Ким Кардашијан со својот стил на облекување секогаш се обидува да си го истакне задникот. Популарната риалити ѕвезда сега има уште една причина плус за да се гордее со убаво оформениот задник. 30-годишната Ким е прогласена за сопственичка на најубавиот задник за 2010-та година.
Во онлајн анкета задникот на Кардашијан добил најмногу гласови, пишува британскиот The Sun.
На второ место се наоѓа славниот задник на Џенифер Лопез, а на трето – оној на Бијонсе.
Четврта на листата е Џесика Бил, а петта Лејди Гага. Шестото и седмото место им припаднале соодветно на Шакира и Ријана.