Изминативе неколку дена актерката Кетрин Зета-Џонс ги поминала во психијатриска болница за да се лекува од биполарно растројство.
Нејзиниот претставник за односи со јавноста ја потврдил веста и објавил дека 41-годишната актерка решила да се лекува по големиот стрес што го доживеала поради мачната битка на Мајкл Даглас со ракот на грлото.
Списанието People објави дека Кетрин поминала 5 дена во установа за лекување, но сега веќе е дома и подготвена да се посвети на својата работа.
„Таа се чувствува одлично и со нетрпение очекува да започне со работа на нејзините два нови филма во текот на оваа седмица“ – изјавил нејзиниот претставник.
„Нема сомневање дека ова беше стресна година. Кетрин мораше да го носи товарот на болеста на Мајкл и тоа ѝ беше многу тешко. Таа отиде неколку дена (во установата) затоа што сакаше да започне да работи и сакаше да се увери дека е во топ форма, како што е“ – изјавил близок на семејството.
Биполарното растројство е заболување кое се состои од две фази, манија (хиперактивност, радост) и депресија (пасивност, тага, очај), кои периодично се менуваат.