Кети Пери е првата жена, и вториот музички изведувач воопшто, чиишто 5 музички нумери од еден ист албум се најдоа на првото место на популарната топ листа Billboard Hot 100.
Досега ваков успех имаше постигнато само кралот на поп музиката, Мајкл Џексон.
Кети овој рекорд го постигна благодарение на популарноста на хитовите „California Gurls“, „Teenage Dream“, „Firework“, „E.T.“ и „Last Friday Night (T.G.I.F.)“, кои се дел од албумот „Teenage Dream“.
Во досегашното 53-годишно постоење на Billboard Hot 100, само Мајкл Џексон успеа да лансира толку многу број 1 хитови од еден албум. Хитовите „I Just Can't Stop Loving You“, „Bad“, „The Way You Make Me Feel“, „Man in the Mirror“ и „Dirty Diana“ од албумот „Bad“ му обезбедија можност на Џексон да стане првата музичка ѕвезда со ваков рекорд.