Камерон Дијаз се омажи за Бенџи Меден. 42-годишната актерка и 35-годишниот музичар се заколнаа на вечна љубов за време на приватна церемонија одржана во дворот на нивниот дом во Лос Анџелес.
Веста за свадбата ја потврди и среќниот пар, кој за списанието „People“ изјави: „Не можеме да бидеме посреќни што го започнуваме нашето ново патување заедно, опкружени со нашите најблиски роднини и пријатели.“
Околу 90 лица биле сведоци на синоќешната свадбена церемонија и прославиле заедно со заљубените младенци. Меѓу славните гости биле Дру Баримор, Рис Витерспун, Гвинет Палтроу и Никол Ричи.
Камерон и Бенџи се во врска од мај минатата година, а се свршија неколку дена пред католички Божиќ. И на двајцата ова им е прв брак.