Семејството на Јелена Јованова и Стјепан Периќ се прошири за уште еден мал член.
Македонската актерка ја изненади јавноста кога објави дека го роди своето второ дете, бидејќи целата бременост ја чуваше во тајност.
Таа на Instagram објави пост од нејзина пријателка која им честиташе за добивањето на уште едно синче.
Јелена и Стјепан стапија во брак во 2015 година. Нивното прво синче се роди во 2020 година.