Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Златна палма за лезбејската љубовна приказна „Blue Is the Warmest Color“

Златна палма за лезбејската љубовна приказна „Blue Is the Warmest Color“

Вчера заврши Канскиот филмски фестивал со објавувањето на големите победници. „Blue Is the Warmest Color“, филм за лезбејска романса, ја освои престижната награда Златна палма.

Режисерот на „Blue Is the Warmest Color“, Абделатиф Кешиш, со главните актерки Леа Сејду и Адел Ексаркопулос.Режисерот на „Blue Is the Warmest Color“, Абделатиф Кешиш, со главните актерки Леа Сејду и Адел Ексаркопулос.

Претседателот на жирито, Стивен Спилберг, изјавил дека го избрале делото на режисерот Абделатиф Кешиш затоа што раскажува одлична љубовна приказна. „Филмот е одлична љубовна приказна која придонесе сите ние да се чувствуваме привилегирани што сме поканети да ја погледнеме оваа приказна за длабока љубов и длабока тага“ – изјавил Спилберг.

Втората награда, Гран Прито на францускиот фестивал, ја доби филмот на браќата Коен, „Inside Llewyn Davis“ со Џастин Тимберлејк и Кери Малиган.

Беренис Бежо беше прогласена за Најдобра актерка за француската драма „Le Passé“, додека Брус Дерн ја доби наградата Најдобар актер за улогата во „Nebraska“.

Наградата Најдобар режисер заврши во рацете на Амат Ескаланте за филмот „Heli“.

Видео од „Blue Is the Warmest Color“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19471 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.