Меган Маркл и принцот Хари присуствуваа на првото зимско издание на „Invictus Games“, кое се одржа во Ванкувер, Канада.
43-годишната војвотка од Сасекс и 40-годишниот принц уживаа додека од публиката ја следеа церемонијата за отворање на игрите и настапот на Крис Мартин, Кети Пери и Нели Фуртадо. Парот си размени сладок бакнеж пред Хари да одржи свој говор, а моментот беше уловен од фоторепортерите.














„Invictus Games“ е меѓународен спортски настан за повредени или болни воени лица и ветерани. Тие беа основани од Хари во 2014 година.
Парот, кој се има дистанцирано од британското кралско семејство и сега живее во САД, присуствуваше на повеќе настани во рамките на игрите.













